Есенската диета е наречена така, бидејќи во неа преовладуваат млечните производи и зеленчукот, а него во изобилство може да го најдете на крајот на летото и почетокот на есента. Времетраењето на диетата е пет недели. Производите може да се комбинираат произволно.
Прва недела
Се консумира суров зеленчук, нискомаслен јогурт, нискокалорично кравјо сирење, чај и кафе без шеќер, малку сол, лимонов сок, и зелени зачини. Секој ден се јаде по 1 тврдо варено јајце и 3 зелени јаболка. Количината на храната не е ограничена. Задолжително треба да се пие по 2 литри вода дневно.
Втора недела
Во втората недела менито е исто како и во првата. Количината на храната е неограничена. Задолжително треба да се пие по 2 литри вода дневно. Обично во втората недела апетитот се намалува, и многу луѓе дури и се откажуваат и од вареното јајце. Телото, неоптеретено со масти, ужива во леснотијата и во приливот на енергија.
Трета недела
Се консумира суров зеленчук, 300 грама варено месо, пиле или риба, нискомаслен јогурт, нискокалорично кравјо сирење, по 3 зелени јаболка, чај и кафе без шеќер, сол, сок од лимон, и зелени зачини. Во третата недела се додава печено или варено месо, и за сметка на тоа се намалува количеството на млечните производи и се исклучува вареното јајце. Задолжително 2 литри вода.
Четврта и петта недела
Менито е исто како и во третата недела. Во последните две недели од диетата, тежината се намалува поинтензивно. На крајот на петтата недела во менито треба постепено да се додаваат и други производи, додека се обнови нормалната исхрана. Во никој случај не се нафрлувајте веднаш врз пекарските производи, пржените компирчиња, хамбургерите и слатките.
Оваа диета е добро да се применува еднаш годишно за чистење на организмот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.