Есенската диета е базирана на контрастите и е идеална за нормализација на телесната тежина во овој период на годината, кога уште имаме разновидни свежи овошја и зеленчуци.
Ако строго ја почитуваме 7-дневната есенска диета, може да ослабнеме околу пет килограми. Диетата може да се држи последователно само два пати, вкупно 14 дена. Препорачливо е за време на диетата редовно да пиете мултивитамини, билни чаеви без засладувачи и големи количества на вода.
Есенска диета – пример мени
Понеделник
3 канчиња кисело млеко поделени на пет оброка, 300 г зеленчук по избор, 2-3 маслинки, 1 лажиче јаболков оцет, кафе без шеќер, големо количество на вода преку целиот ден.
Вторник
400-500 г пилешко или телешко месо – варено или печено, поделено на 5 оброка, голема салата од домати, пиперки, моркови и друг зеленчук по избор, големо количество на вода преку целиот ден.
Среда
1 кг овошје распределено во 5 порции, кафе или чај без шеќер, вода, ако почувствувате глад, може да каснете 1 парче интегрален леб со нискомаслена урда.
Четврток
5 тврдо варени јајца распределени на 5 оброци, голема салата од зеленчук по избор, 1 лажиче јаболков оцет, кафе без шеќер, големо количесто вода преку целиот ден.
Петок
2 кг зеленчук по избор распределен на 5 оброци, 50 г сирење, кафе без шеќер, големо количество на вода преку целиот ден.
Сабота
500 г печена риба со лимон и голема салата распределени на 5 оброци, 1 лажиче јаболков оцет или 1 чаша бело вино, кафе без шеќер, големо количество на вода преку целиот ден.
Недела
8 часот: 1 канче кисело млеко
10 часот: 1 тврдо варено јајце
12 часот: 200 г варено или печено пилешко месо со богата зеленчукова салата, 1 чаша бело вино
16 часот: 200 г сливи
18 часот: 50 г кашкавал и богата салата од зеленчук по избор
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.