Владините проекти за намалување на невработеноста даваат резултати, а тоа го покажува и последниот податок на Државниот завод за статистика за намалување на невработеноста на 26,8 проценти заклучно со вториот квартал од 2015 година.
Ова го нагласи министерот за труд и социјална политика Диме Спасов по денешното пуштање старечки дом во Берово.
– Владините проекти, новите странски инвестиции и отворањето нови фабрики ширум Република Македонија влијаат да се создадат нови работни места во повеќе општини, да се намали невработеноста на територијата на цела држава. Верувам дека до крајот на годината ќе вродат со уште позначителен резултат односно континуирано ќе продолжи значително да се намалува невработеноста во земјава, изјави Спасов.
Преку проектот „Македонија вработува“ за четири месеци вработени се 5.823 лица од целата држава. Овој проект, оцени дека дава исклучителни резултати и ќе продолжи во иднина, што, според министерот, ќе продолжи да влијае во намалување на невработеноста во државата.
Во општина Берово овој проект досега отворил 60 работни места за само четири месеци. Во Делчево и Македонска Каменица отворени се над 120 работни места.
– Проект ќе продолжи и понатаму да влијае на креирање нови работни места, меѓутоа и поголема поддршка на приватниот сектор односно значителни субвенции од страна на државата за развој на сопствениот бизнис, нагласи Спасов.
Преку оперативниот план за вработување, активните мерки како што е грантот за самовработување, информира дека само оваа година поддржани се 500 приватни компании, а до крајот на годината очекува бројката да достигне околу илјада.
– Со мерката вработување млади до 29 години и со една година ослободување за плаќање придонеси за приватните компании за околу година и пол се вработија околу 9.600 млади лица, подвлече министерот Спасов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Спасов: Предвидени се голем број проекти за подобрување на животниот стандард на граѓаните
-
СДСМ и Ременски немаат никаков кредибилитет да говорат за пензионерите
-
Никој во земјава не се чувствува безбедно: Чаушите во СДСМ организираа криминално–полициска местенка и медиумски линч на Диме Спасов
-
Дебело досие и дебели лаги: Криминалецот Динарица во одбрана на Спасовски