Со фантомки на глава и пиштоли во раце две машки лица ја ограбиле бензинска пумпа „Китка Петрол“ лоцирана на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка во населбата Карпош.
Рано наутро во 00.25 часот на бензинската пумпа „Китка Петрол“ две машки лица маскирани со фантомки на глава, ракавици и пиштоли во рацете, влегле во бензинската пумпа, при што едното му вперило пиштол во глава на вработениот и потоа два пати го удрило со пиштол во предел на главата, му ги одзело парите од дневниот пазар, а потоа и парите од фиоката (околу 7.000 денари).
Другото лице влегло во канцеларија кај втората вработена и со закана и барало пари.
Сторителите одзеле повеќе кутии со разновидни цигари и лименки со пијалоци, по што побегнале во непознат правец.
Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР-Куманово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на непознатите лицата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



