Републиканецот Рик Пери, кој се соочува со тешкотии при прибирањето средства и е меѓу најслабо поддржаните кандидати за номинација на Републиканската партија за претседателските избори во САД во 2016 година, објави дека се повлекува од трката.
Поранешниот гувернер на Тексас беше исклучен од првите два телевизиски дуели меѓу кандидати на републиканците и беше принуден да престане да им плаќа на многу вработени од предизборниот тим поради недостиг на средства.
– Денеска прекинувам со кампањата за претседател на САД – објави Пери во говорот во Сент Луис, Мисури.
– Имаме прекрасни кандидати, веројатно најдобрата група мажи и жени. Се повлекувам, знаејќи дека нашата партија е во добри раце, а додека ја слушаме базата, каузата на конзерватизам исто така ќе биде во добри раце – изјави Пери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.