| четврток, 6 декември 2018 |

Њујорк тајмс: Добротворниот фонд е Ахиловата петица во кампањата на Хилари Клинтон

hilari

Добротворниот фонд на семејството Клинтон добивал десетици милиони долари од земји кои Стејт департментот ги обвинувал за кршење на човековите права, вклучувајќи го и времето кога Хилари Клинтон била американска државна секретарка, објави весникот „Њујорк тајмс“.

Весникот оценува дека активностите на овој фонд „нанесуваат штета“ на предизборната кампања на Хилари Клинтон.

– Саудиска Арабија донирала повеќе од 10 милиони долари. Истото важи и за Виктор Пинчук, зетот на поранешниот украински претседател Леонид Кучма, чие владеење активно го критикуваа заради корупција и убиства на новинари. Либанско-нигериска организација со големи бизнис интереси вложила пет милиони долари, наведува авторот на текстот во „Њујорк тајмс“.

Меѓу донаторите се и земји како ОАЕ, Катар, Кувајт, Оман, Брунеј и Алжир.

Весникот оценува дека фондот е „Ахиловата пета“ за Клинтон, а во случај на нејзина победа ќе стане и за нејзината администрација, и покрај неодаменшното ветување дека во тој случај фондот ќе биде затворен.

Според јунското истражување на агенцијата „Блумберг“, 72 отсто од гласачите биле загрижени за тоа што фондацијата на Клинтонови примила пари од странски донатори во периодот кога Хилари била државна секретарка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top