Во 81 година од животот почина филмскиот режисер и сценарист Александар Ѓурчинов. Тој е роден во Скопје во 1934. Во 1962 година дипломира уметност во Белград. Долги години се занимавал со кино-аматеризам. Во 1958 година го добива првиот професионален ангажман на филм, како асистент по режија во копродукцискиот филм „Дубровски“ на режисерот Вилијам Дитерле.
Од 1964 година работи на документарен филм, зашто е награден со Наградата 11 Октомври (1966), за филмот „Весници, весници“. Ѓурчинов се јавува и како асистент и помошник-режисер на повеќе режисери, меѓу кои е и познатиот француски режисер Кристијан Жак, кај кого работел за време на студискиот престој во Париз. Во 1977 година го режира својот единствен игран филм „Исправи се Делфина“, за кој што ја добива Бронзената арена за режија на Филмскиот фестивал во Пула, Третата награда за сценарио на фестивалот во Врњачка Бања, потоа Наградата ЦИДАЛЦ (1978), Наградата за најдобар дебитант од весникот „Зумрепортер“ (1977) во Пула и други.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.