| четврток, 6 декември 2018 |

Жената од чамецот тврди: Таткото на Ајлан управуваше со чамецот, тој е криумчар!

ajlan mediumiМажот кому му платив за патот ми рече дека сме сигурни затоа што возачот ќе не пази затоа што и тој ги пренесува својата жена и две деца, вели Заинаб Абас која што и самата изгубила две деца во несреќата. Абас тврди дека токму Абдула Курди, таткото на малиот тригодишен Ајлан, кој се удави сред турскиот брег, всушност е шверцер на луѓе.

-Да, Абдула го возеше пренатрупаниот чамец- тврди жената. Заинаб Абас била во истиот чамец и ги изгубила двете деца кога се преврте. Таа вели дека чамецот се движел пребрзо. Абдула тврди дека тој почналда го управува, откако капетанот скокнал во морето и побегнал.

-Ние бевме петмина и ни рекоа дека во чамецот ќе бидеме шестмина, а не имаше всушност 14- вели Абас која сега е во Ирак.

Медиумите објавија шокантна фотографија на удавеното сириско момче Ајлан како лежи на плажата во Турција. Во несреќата загинаа и неговиот брат петгодишниот Галип и мајката Рехан. Таткото подоцна бил вратен на границата меѓу Турција и Сирија и таму починал. Чамецот од Турција требало да стигне во Грција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top