| четврток, 6 декември 2018 |

Париски полицајци групно силувале канадска туристка на забава

francija policijaПовеќе од 120 вработени во француската полиција ќе мораат да направат ДНК анализа, откако канадска туристка била силувана во зградата на полициската управа во Париз. Траги од ДНК на четворица мажи се пронајдени на 34-годишната жртва откако го пријавила силувањето во април минатата година.

Нејзината пријава резултирала со обвиненија за силување против двајца високо рангирани полициски службеници и трет маж кој тврди дека туристката доброволно стапила во сексуални односи со него. Сега мора да се тестираат 120 полицајци за да се открие која е четвртата личност.

Канаѓанката кобниот ден, во паб покрај зградата на полициската управа се сретнала со неколку полицајци кои не биле на должност во тоа време, и отишла со нив во полициската станица каде што продолжиле да пијат и да се забавуваат. Еден ден подоцна го пријавила инцидентот во друга полициска станица.

Претседателот на синдикатот на полицијата Патрио Риберо смета дека тестирањето на сите полицајци е „претерано“.

„Ова ќе ги стигматизира сите полицајци“, изјавил тој. Од друга страна, министерот за внатрешни работи Бернард Казенев рекол дека двајцата обвинети полицајци ќе ги сносат „најтешките последици“ доколку се докаже нивната вина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top