| четврток, 6 декември 2018 |

Крадци замениле милионски дела на Ворхол со копии

Andy-Warhol-sports-painti-001 (1)Крадци од канцеларија на компанија во центарот на Лос Анџелес, САД, украле девет дела на познатиот американски уметник Енди Ворхол. Станува збор фотографии и графики на свила, со потписи на Ворхол, на која се претставени портрети на спортски ѕвезди. Вкупната вредноста на исчезнатите дела се проценува на околу 350 илјади американски долари.

Полицијата смета дека делата биле крадени во текот на изминатите три години. Притоа, оригиналите биле заменувани со копии. Грабежот, според локалните медиуми, бил откриен во текот на оваа седмица. Весникот Лос Анџелес Тајмс не исклучува дека некои од украдените дела на Ворхол веќе биле купени на наддавања.

Сликите на Ворхол во моментов се многу барани меѓу колекционерите. Кон крајот на 2014 година неговото дело „Расни немири“ беше продадено на наддавање на аукциската куќа Кристи за речиси 63 милиони долари, а сликата „Белата Мерилин” за 41 милион долари. Уште една негова славна слика, монументалниот „Сребрен судар” во ноември 2013-та беше продадена за 105 милиони долари.

Пролетната сесија на аукција на современата уметност во 2014 година на Сотби ги претстави шесте портрети на Енди Ворхол на кои веќе подостарен со неуредна перика гледа право пред семе во темен пуст простор, станува збор за серија оддела во шест различни нијанси. Според специјалистите за уметноста на Ворхол, уникатната композиција портрети во техниката силкскрин, е направена непосредно пред неговата смрт во 1987 година. Слика на славниот американски уметник „Шест автопортрети” беше продадена за 30 милиони американски долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top