Германија е подготвена да мобилизира за време на викендот 4.000 војници, за помош, доколку се зголеми бранот на бегалци, изјави денеска германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лаен за неделникот „Шпигел“.
– Само за овој викенд околу 4.000 војници се подготвени за мобилизација при вонредни околности, изјави Лаен.
Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер денеска изајви во Прага, дека Германија очекува за време на викендот нови 40.000 бегалци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.