| четврток, 6 декември 2018 |

Користете услуги само на лиценцирани дадилки, апелира Спасов

спасовМинистерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, апелираше населението да ангажира само лиценцирани дадилки, што е предвидено во рамките на Законот за детска заштита.

Апелот од министерот стигна по случајот со скопската дадилка, која доби притвор за малтретирање деветмесечно бебе.

„Самиот закон предвидува постапка за оние што работат со деца да се лиценцираат. Во процесот на лиценцирање, се проценува стручното знаење на апликантот, се проверува подобноста, дали е психофизички здрав, дали ја познава проблематиката, дали е осудуван за одредено кривично дело, за семејно насилство. Би сакал да апелирам тие што ги чуваат децата да се лиценцираат. Сепак, ќе истакнам дека останува на родителите да одлучат дали ќе побараат од дадилката да извади лиценца ако ја нема“, изјави министерот Спасов.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top