Времето потребно да отпатувате до и од работното место треба да се смета во работното време, пресуди највисокиот европски суд, пишуѕва „Економски“.
Европскиот суд на правдата пресуди дека работниците без стационирана канцеларија би требало да можат да наплаќаат за патувањето до онаму каде што се испратени да работат.
Тоа значи дека компаниите кои вработуваат теренски работници како електричари, продавачи и други мобилни работници, а немаат регионални канцеларии, веројатно го кршат законот на ЕУ за регулирање на работното време.
Случајот се врти околу судскиот спор во Шпанија во кој е инволвирана Тико, компанија за безбедносни системи.
– Фактот што работниците го почнуваат и завршуваат патувањето на прагот на нивните домови произлегува директно од одлуката на нивниот работодавач да ги затвори регионалните канцеларии, а не од желбата на самите работници, вели пресудата што ја објави Индепендент.
Тоа што тие треба да го трпат товарот од изборот на нивниот работодавач е спротивно на заложбите да се заштити безбедноста и здравјето на работниците, што налага и гарантирање на минимум период за одмор, проценил судот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.