| четврток, 6 декември 2018 |

Две Сараевчанки се степаа поради правото на првенство на минување (видео)

Дека зеленото светло на семафорот не е шега, докажува еден случај од Сараево.

Имено, во населата Оток се степале две жени и тоа поради непочитување на право на првенство на семафор на кое било запалено зелено свето за пешаци.

Жена облечена во црвено била зад воланот на „Голф“, додека друга скала да помине преку пешачкиот премин. Жената во „Голфот“ не сакала да застане, па на почетокот си „размениле“ неколку непријатни зборови, за потоа жената-пешак со рака да удии по автомобилот. Лута на ваквиот гест, жената-возач излегла од автомобилот и дошло до нивна меѓусебна тепачка пред очите на голем број сведоци.

Насобраните граѓани набрзо ги раздвоиле двете жени, но нивната тепачка на мобилен телефон ја снимила една минувачка, пишува „Дневни аваз“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top