| четврток, 6 декември 2018 |

Точел алкохол на дете, доби кривична пријава

алкохол

Делчевчанец добил кривична пријава поради сомнение дека сторил кривично дело „точење алкохолни пијалоци на дете“.

– СВР Штип до Основен јавен обвинител поднесе кривична пријава против Д.Г.(24) од Делчево поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „точење алкохолни пијалоци на дете“. Пријавениот на 15 август годинава, додека извршувал работни задачи послужување на гости во угостителски објект во Делчево, послужил  дете со алкохолен пијалок пиво – се додава во соопштението од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top