| четврток, 6 декември 2018 |

Електронската здравствена картичка ќе се надградува

Наскоро ќе се реши проблемот со печатење на нови електронски здравствени картички, најави директорот на Фондот за здарвствено осигурување, Сашо Стефановски при денешната посета на Штип.

saso-stefanovski500

– Договорот што Министерството за здравство го има склучено со претходната компанија е истечен. Бараме заеднички начин брзо да го надминеме овој проблем и наскоро, можеби недели се во прашање, постапката за издавање на електронската здарвствена картичка ќе си оди редовно – изјави Стефановски.

Како институција, нагласи, планираме електронската здравствена картичка дополнително да ја зајакнеме во системот, затоа што сметаме дека она што треба да им го понудиме на нашите осигуреници се електронска и здравстена услуга.

Истакна дека во моментов активни се над 1,8 милиони електронски здравствени картички.

Директорите на ФЗОМ, Стефановски и Орхан Рамадани денеска во Штип остварија средба и со лекарите од приватните здравствени ординации и ги посетија просториите на регионалната канцеларија на ФЗОМ за општините Штип и Карбинци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top