| четврток, 6 декември 2018 |

Ставрески: Буџетот во одлична кондиција, обврските навремено се извршуваат

Буџетот е во одлична кондиција, буџетските приходи се повисоки за 13,5 проценти во однос на 2014 година, а добрата буџетска ликвидност овозможува навремено и редовно извршување на сите буџетски обврски.

stavreski

 

Ова го изјави денеска вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, кој додаде дека даночните приходи за осумте месеци од годинава се повисоки за повеќе од 14 проценти, односно за 12.800 милијади денари во однос на 2014 година.

Според министерот, ваквата буџетска ликвидност овозможува редовно да се вршат плаќањата кон сите домашни фирми за јавните набавки што се вршат, плаќањата во однос на градежните активности, инвестициите и сѐ друго што овозможува развој на домашната индустрија и ангажман на домашните фирми. ­

– Очекувам таквите состојби да продолжат и во следниот период, односно да ја завршиме добро оваа година од буџетски аспект и да продолжиме во 2016 година со развојно скроен буџет да ја поддржуваме македонската економија – истакна вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top