| четврток, 6 декември 2018 |

Перез: Ако некој сака да го купи Роналдо, ќе мора да плати милијарда евра!

Kristijano-Ronaldo

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, им порача на клубовите кои се сериозни во намерите да го купат официјално најдобриот светски фудбалер, Кристијано Роналдо, дека ќе мора да платат оштета од милијарда евра.
Во секој трансфер период се спомнува дека некој богат клуб од Европа е сериозно заинтересиран за услугите на Роналдо, но „кралскиот клуб“ не сака да чуе да го продаде.
Во последен период се спомнува ПСЖ и неговите богати шеици, но и тогаш Реал остана рамнодушен на петродоларите.

– Ако ПСЖ го сака Роналдо, ќе мора да издвои милијарда евра. Никој не е пророк во фудбалот, но не сакаме да го продадеме во 2016 година. Тој има уште три години од договорот – вели Перез.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top