| четврток, 6 декември 2018 |

Сијарто: Ќе ги вратиме бегалците од каде што дошле

сијарто

Унгарија ќе ги регистрира сите бегалци кои ќе поднесат барање за азил, а оние кои ќе бидат одбиени ќе бидат вратени од каде што дошле, изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, нагласувајќи дека од 166.000 бегалци 99 отсто влегле во земјата од Србија.

Сијарто смета дека оградата што ја подигнува Унгарија на границата со Србија е „ефикасна“, бидејќи без неа „зелената граница“ би била целосно отворена. Тој истакна дека Будимпешта постапува согласно со прописите на ЕУ, па затоа е апсурдно да добива критики од Брисел.

– Очекуваме да не нѐ критикуваат поради придржувањето кон европските правила, односно да прекине кампањата на лаги против држава која постапува согласно со прописите на ЕУ во една многу сериозна ситуација. Западнобалканскиот правец на мигрирање мора да го сфатиме сериозно – истакна Сијарто.

Шефот на унгарската дипломатија нагласи дека Унгарија не го поддржува системот на квоти за прифаќање бегалци за кој се заложува ЕК, бидејќи смета дека политиката врз основа на обврзни квоти е осудена на пропаст.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top