Метоалармот за западниот дел на Македонија прогласи портокалова фаза, најавувајќи поројни врнежи од дожд и грмежи.
Во останатиот дел од земјата има предупредување од жолт аларм.
Метеоролозите за денеска најавија претежно облачно со повремени врнежи од дожд. На повеќе места врнежите повторно ќе бидат обилни проследени со грмежи и со засилен ветер, локално во форма на невреме, со електрични празнења.
Се очекува да наврнат дополнителни над 30 л/м2 воден талог, особено во западните и југозападните делови на Македонија. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од југоисточен правец. Највисоката температура ќе достигне до 22 степени.
Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, повремено ќе бидат проследено со грмежи. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од југоисточен правец. Дневната температура ќе достигне само до 20 степени.
Врнежи од дожд ќе има и в петок, но со послаб интензитет и повеќе ќе бидат локализирани, а кон крајот на денот постепено ќе престануваат
Потоа следува период на стабилизирање и постепено затоплување на времето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.