| четврток, 6 декември 2018 |

Адвокатот на дадилката вели дека видеото е незаконско, побарал од судот да го отфрли

Untitled

Ванчо Мицев, кој на социјалните мрежи се претстави како адвокат од Скопје и застапник на дадилката осомничена за малтретирање на деветмесечно бебе, вели дека од судот веќе побарал снимките да бидат изземени како доказ бидејќи биле неовластено стекнати.

post

Редакцијата на „Прес 24“, која ја имаше објавата, вели дека не може да ја потврди нејзината автентичност.

Вчера тетката на малечкото момче на „Фејсбук“ со целата јавност го сподели видеото на кое жената најмена да се грижи за нејзиниот внук, физички се изживува врз него. Семејството се одлучило да постави скриена камера во домот откако на телото на момчето забележале модринки.

Во моментов случајот се испитува во скопското обвинителство.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top