Турската полиција уапси вкупно 93 лица кои учествувале во нападите врз згради на медиуми, политички партии и приватни објекти во Истанбул, соопштија градските власти, пренесува турската телевизија НТВ.
Изминатите неколку дена демонстранти организираа неколку напади врз згради на политички паритии, додека на 6 септември провладини демонстранти фрлаа камења врз зградата на весникот „Хуриет“ во Истанбул.
Во нападите е нанесена голема материјална штета на зградите и на околните објекти. Засега нема информации за сериозно повредени лица во нападот.
Турскиот премиер Ахмед Давутоглу синоќа ги осуди серијата напади врз медиумите, политичките партии и приватните објекти во Турција и повика на воздржаност и на зачувување на мирот во земјата.
– Неоправдано е нанесувањето штети врз медиумските институции, објекти на политички партии и имотите на нашите граѓани – порача Давутоглу преку својот налог на „Твитер“.
Меѓу целите на нападите, кои доаѓаат во време на ескалацијата на тензиите меѓу турската влада и Курдската работничка партија (ПКК), беа и седиштето на курдската Демократска партија на народите (ХДП) и редакцијата на дневниот весник „Хуриет“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Турски воен хеликоптер падна меѓу згради во Истанбул, загинаа четворица војници(видео)
-
Турција осуди 74 лица на доживотен затвор поради вмешаност во обидот за преврат
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)