Во тешката сообраќајка која се случи денеска во близина на Охрид, загина 26-годишна девојка, која го управувала возилото, а повеќе луѓе се повредени. Судирот се случиl околу 11 часот на стариот пат Охрид-Струга, кај селото Подмоље, јави Телма.
Сите повредени, кои се патници на минибусот, се надвор од животна опасност и се згрижени во специјалната болница „Свети Еразмо“, како и во општата болница во Охрид. Дел од нив по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.
Фото: Охрид њуз
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.