| четврток, 6 декември 2018 |

Принцот Хари ѝ се врати на поранешната девојка

целзи

Дали нѐ очекува уште една кралска свадба во Велика Британија? Ваквото прашање сѐ почесто го поставуваат британските таблиди по обелоденувањето на веста дека принцот Хари повторно се гледа со својата поранешна девојка, Челзи Дејви.

Двојката ја започна врската 2004 година и тие беа заедно седум години (со извесни прекини). Челзи дури беше придружничка на Хари на свадбата на неговиот брат Вилијам.

Имаше озборувања дека во врската на Хари со русокосата адвокатка се вмешала неговата баба, кралицата Елизабета, на која наводно не ѝ одговарало тоа што Челзи не е „сина крв“. Но, имајќи го фактот дека таква крв нема ни Кејти Мидлтон, целата приказна набрзо беше заборавена.

Како и да е, набрзо по прекинот Хари започна врска со уште една русокоса убавица, Кресида Бона, со која беше во врска две години, до 2014 година.

Но, се чини дека ниту една не може да ја замени Челзи, која пријателите ја опишуваат како „необична, силна и самостојна млада жена, која точно знае што сака“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top