| четврток, 6 декември 2018 |

Седум совршени пози за Македонците без партнер

34699-seks pivopija profimedia rs_a2d3_300x300
Што најмногу ви недостигакога немате партнер? Веројатно секс. Но, некогаш сте си доволни и сами на себе за одлична забава дома. Текстот оригинално е создаден од „24сата“ за позите на српските самци, но совршено се вклопува во животите на секој Балканец.
Па, Македонци, ова се идеалните пози за самците.

1. Примање

PLATA_1000x0

Toа е тој еден ден во месецот, кога секој Македонец чувствува оргазмично задоволство, сè додека не си ја провери сметката и не сфати колкава плата има. Така што ова, во основа, е секс на брзина.

2. Мисионерска депресија

DEPRA_1000x0

Најчесто се случува при крајот на месецот, кај самците што се обидуваат да пронајдат девојка/момче/работа/да положат…

3. Тантрички пивопиец

PIVOPIJA_1000x0

Постои верување дека со оваа поза се запознаени само мажите и дека ним им е најдрага, но тоа не е секогаш вистина, бидејќи оваа поза се почесто ја применуваат и девојките. Како и во секој секс, така и во овој, се препорачува експериментирање, чисто работите да останат интересни, па понекогаш пивото се менува со вино. Ако е во комбинација со мисионерската депресија, на менито може да се најде и нешто пожестоко.

4. Небриченка

BRIJANJE_1000x0

Најчеста поза кај жените без партнер, кои немаат потреба да ги бричат или депилираат нозете. Главно се применува во зима, а најдобар ефект има по најмалку две недели избегнување жилет.

5. Допишување на ѕид

DOPISIVANJE_1000x0

Секс на ѕид е една од позите за кои многу од самците мечтаат, а нивната верзија на оваа поза е допишување со евентуалниот партнер – потрпрени на ѕид. Потоа најчесто следува…

6. Јавање фрижидер

FRIZ_1000x0

Јавачката поза е, исто така, една од најпопуларните, посебно ако објектот на јавање е – фрижидер. Се разбира, најдобра е по полноќ.

7. Танц околу тушот

TUS_1000x0

Капењето и редовното туширање дефинитивно е за луѓе кои се во врска. Тоа шт онекогаш било танц околу шипка или танц в скут, сега е танц околу тушот. Што подалеку од него, ако е можно.

 

 

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top