1. Примање
Toа е тој еден ден во месецот, кога секој Македонец чувствува оргазмично задоволство, сè додека не си ја провери сметката и не сфати колкава плата има. Така што ова, во основа, е секс на брзина.
2. Мисионерска депресија
Најчесто се случува при крајот на месецот, кај самците што се обидуваат да пронајдат девојка/момче/работа/да положат…
3. Тантрички пивопиец
Постои верување дека со оваа поза се запознаени само мажите и дека ним им е најдрага, но тоа не е секогаш вистина, бидејќи оваа поза се почесто ја применуваат и девојките. Како и во секој секс, така и во овој, се препорачува експериментирање, чисто работите да останат интересни, па понекогаш пивото се менува со вино. Ако е во комбинација со мисионерската депресија, на менито може да се најде и нешто пожестоко.
4. Небриченка
Најчеста поза кај жените без партнер, кои немаат потреба да ги бричат или депилираат нозете. Главно се применува во зима, а најдобар ефект има по најмалку две недели избегнување жилет.
5. Допишување на ѕид
Секс на ѕид е една од позите за кои многу од самците мечтаат, а нивната верзија на оваа поза е допишување со евентуалниот партнер – потрпрени на ѕид. Потоа најчесто следува…
6. Јавање фрижидер
Јавачката поза е, исто така, една од најпопуларните, посебно ако објектот на јавање е – фрижидер. Се разбира, најдобра е по полноќ.
7. Танц околу тушот
Капењето и редовното туширање дефинитивно е за луѓе кои се во врска. Тоа шт онекогаш било танц околу шипка или танц в скут, сега е танц околу тушот. Што подалеку од него, ако е можно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.