Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди. Кон крајот на денот прво во западните и во југозападните делови ќе има зголемување на облачноста со врнежи, кои локално ќе бидат проследени со ретки грмежи. Во текот на ноќта врнежите ќе се интензивираат и ќе се прошират насекаде. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од девет до 16, а дневната од 21 до 28 степени.
Во Скопје преку денот времето ќе биде променливо облачно, а во вечерните часови со врнежи, кои во текот на ноќта ќе се интензивираат и ќе бидат пообилни и проследени со ретки грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 25 степени.
И в четврток ќе се задржи претежно облачно време со пообилни врнежи. Во попладневните часови се очекува врнежите постепено да престануваат. Ќе биде и многу посвежо, со дневна температура од 15 до 22 степена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.