| четврток, 6 декември 2018 |

Тој бил син на сириски мигрант, а потоа го променил светот!

стив
Таткото на еден од најголемите визионери на 20-тиот век всушност бил мигрант, и тоа токму од Сирија.

Но тоа сепак не го спречило да направи уред кој што сега поголемиот дел од жителите на планетата го имаат во својот џеб.
Во последниов период мигрантите од Сирија се главна тема ширум Европа, а интернет мрежата е преполна со ксенофобни коментари кои што се насочени кон истите. Многумина сметаат дека тие нема никогаш да се вклопат во општеството во кое што дошле.

стив2

Ако токму и вие имате вакво мислење, дали би го промениле ако ви кажеме дека таткото на еден од најголемите визионери на 20-тиот век бил всушност мигрант, и тоа токму од Сирија?
Се работи за таткото на Стив Џобс, кој што потоа ја основал компанијата Apple и го направил прочуениот iPhone.
Таткото на Стив Џобс се викал Абдулфата Џон Џандали, а во Америка пристигнал од Хомс, Сирија, во дамнешната 1954-та година.
Стив Џобс е всушност роден во Сан Франциско, а негови биолошки родители се Американката Џоен Керол Шајбл и Сиријанецот Абдулфата Џон Џандали кој за време на раѓањето на Стив Џобс бил постдипломски студент, а подоцна станал професор по политички науки.
Една недела по неговото раѓање, мајката на Џобс која што во тој момент била немажена и постдипломски студент, го дала за посвојување. Џобс бил посвоен од страна на Пол Џобс и Клара Џобс кои живееле во Маунтин Вју, во Калифорнија. Тие му го дале името Стив Пол Џобс.


Неговите биолошки родители подоцна се земале и имале ќерка, Мона Симпсон, која подоцна станала познат писател. Стив Џобс ја сретнал за прв пат сопствената биолошка сестра кога и двајцата биле возрасни. Неговите биолошки родители се развeле подоцна. Сепак, Џобс ги смета Пол и Клара Џобс за неговите вистински родители и не сака никој да ги споменува како “посвоени родители”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top