Минатиот месец, старлетата со балканско потекло и сопругата на раперот Ајс Ти, сподели неколку фотографии до кои напишала дека е бремена, меѓутоа на фотографиите никој не го забележа бременото стомаче.
По бројните критики Коко се обиде да се одбрани тврдејќи дека нејзините стомачни мускули се мошне цврсти и дека тоа е причината што не и се забележува стомакот иако е во 26 – та недела од бременост.
Коко едвај дочека стомакот конечно да може да го покаже. Сопругата на Ајс Ти, не можеше да одолее за ваквото фотографирање да не облече еден од нејзините омилени мини бикини.
-Долго го чекав овој момент. Стомакот се уште не можете да го забележите ако ме гледате од напред, но доколку погледнете од страна јасно може да видите дека расте, напишала Коко до фотографиите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.