Поранешниот уругвајски шеф на државата ќе им помогне на многумина отворајќи ја вратата од својот дом.
Човекот кој е прогласен за омилениот светски претседател и за кој се снимени многу документарни филмови, повторно ја израдува светската јавност.
Имено, Хосе Мухика, поранешниот уругвајски претседател, за неколку дена ќе вдоми стотици сирачиња од Сирија.
Децата кои останале без родители поради војната, ќе можат да најдат нов дом и засолниште во некогашната куќа на поранешниот претседател, тие би требало да пристигнат овие денови. Уште не се знае колку деца ќе пристигнат, со оглед на тоа што не смеат да се селат барем без еден член на семејството.
Уругвајската влада ќе биде одговорна за сите трошоци за преселувањето. Мухика додека беше на чело на државата најави дека по истекувањето на претседателскиот мандат ќе посвои триесетина деца и на својата фарма ќе ги учи да се занимаваат со земјоделство.
Додека беше претседател, Хосе Мухика живеел во скромен дом, на работа се возел со „Буба“ и летал со економска класа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.