Јужноафриканскиот тенисер Кевин Андерсон можеби ја направи најголемата победа во кариерата елиминирајќи во вториот носител на последниот гренс-слем сезона, УС Опен, Енди Мареј.
ужноафриканскиот тенисер до своето прво Гренслем четвртфинале стигна по голема борба во четири сета со Мареј, на крај победувајќи го со 7-6,6-3,6-7,7-6.
Кариерата на Андресон оди во нагорна линија бидејќи пред само два месеца имаше предност од 2-0 во сетови над Новак Ѓоковиќ на Вимблдон, но не успеа да направи голема сензација, ама затоа сега не му дозволи на Мареј да се врати во мечот и да го стори истото.
Пласман во четврфиналето оствари и најдобриот тенисер на сите времиња, Роџер Федерер кој на овој турнир сеуште нема загубено сет. Така беше и ноќеска кога успеа со 3-0 (7-6,7-6,7-5) во сетови да го совлада американскиот „бомбардер“ Џон Иснер за 162 минути игра.
Третиот четвртфиналист је Станислас Вавринка кој лесно со 3-1 (6-4, 1-6, 6-3, 6-4) Славеше над Американецот Јанг.
Групата од четири четврфиналисти ја заокружи Ришар Гасќе кој славеше истотака со 3-1 (2-6, 6-3, 6-4, 6-1) во сетови. Тој го загуби првиот сет, но во продолжението од мечот беше непогрешлив елиминрајќи го еден од кадидатите од сенка за освојување на УС Опен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.