| четврток, 6 декември 2018 |

Oграбена поштата во Босилово

Во период од 5 до 7 септември во струмичкото село Босилово непознат сторител со употреба на физичка сила и погоден алат насилно ја отворил влезната врата од поштата и извршил тешка кражба при што одзел метална каса во која имало 250.000 денари по што го напуштил местото на настанот.

Од МВР денеска соопштија дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top