Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во утринските часови во источниот дел на земјава се уште ќе има услови за појава на слаб дожд. Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од осум до 16, а дневната од 21 до 27 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 25 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 6.
В среда кон крајот на денот и в четврток се очекуваат пообилни врнежи од дожд кои во западните и југозападните делови на земјата ќе бидат доста обилни кога очекува да наврнат над 30 литри на метар квадратен воден талог.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.