Валтер Палмер, американскиот забар кој го застрела лавот Сесил во Зимбабве решил да се врати на работа. Тој се повлече од јавноста откако се откри дека платил над 40 илјади долари за да застрела животно, омилено меѓу туристите.
Тој ги негираше тврдењата дека се криел од полиција и повтори дека мислел дека ловот бил легален.
-Минатата недела ја минав со семејството на кои им беше многу тешко. Мојата сопруга и мојата ќерка добиваа закани преку фејсбук. Не разбирам зошто луѓето ги напаѓаат оние кои немаат врска со ништо- посочил забарот, кој постојано повторува дека не знаел дека лавот кој го застрелал е Сесил, омилен заради питомоста.
-Да знаев никогаш не би го сторил тоа- додава Палмер. Сепак, истрагата за инцидентот се уште трае.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.