Грција доби барање од Соединетите Американски Држави да ѝ забранат на Русија употреба на грчкиот воздушен простор за превоз на помош во Сирија, соопшти денеска портпаролот на Министерството за надворешни работи во Атина.
Тој дополни дека молбата во моментов се разгледува.
Руски медиуми, повикувајќи се на неименувани дипломатски извори, претходно соопштија дека Грција го одбила барањето на САД. Официјална Атина се обидува да развива поблиски врски со Русија во услови на економската криза, која речиси ја принудени да излезе од еврозоната.
Русија е долгогодишен сојузник на сирискиот претседател Башар ал-Асад, додека САД и другите западни сили се залагаат за ставање крај преку политичка транзиција.
Барањето на Вашингтон до Атина доаѓа откако САД во саботата изразија загриженост поради информациите за зголемено воено присуство на Русија во Сирија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.