Оваа година Грција два пати организираше гласање на народот, парламентарни избори во јануари и референдум во јули, а на ред е и трето изјаснување, нови парламентарни избори на 20 септември. За земја која се наоѓа во тешка економска криза, која дури беше во технички банкрот ова лето, тоа е просто неверојатен.
Трошоците за изборите во јануари и референдумот во јули изнесува околу 120 милиони евра. Следните избори на 20 септември ќе бидат со многу помалку трошоци. Кредиторите не дозволуваат да се потрошат повеќе од 50 милиони евра, а Министерството за финансии пред оставката на Владата на Грција која ја предводеше Сириза, одреди тие наредните избори да надминат 36,7 милиони евра. Меѓутоа, тоа ограничување го одби Генералното биро за сметководство на Грција, па веројатно трошоците ќе бидат повисоки.
На технички работи, буквално е невозможно да се заштеди значаен износ, така што, пренесуваат медиумите, заштедата на наредните избори ќе биде на грбот на граѓаните кои се задолжени да ги пратат изборите. Тие во јануари на име провизии добиле дури 22 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.