| четврток, 6 декември 2018 |

Веднаш одземен мандатот на пратеникот Пренга

armando prengaПо барање на Обвинителството во Тирана за одземање на имунитет на социјалиститичкиот пратеник Армандо Пренга, веднаш реагираше  Советот за мандати и за именувања при албанскиот парламент, кој доцна синоќа одржа седница.

Пратенокот Пренга, кој е во притвор, во придружба на полиција бил донесен на седницата, при што во изјавата пред колегите пратеници ги отфрлил сите обвинувања, додавајќи дека токму тој е тој кому му се заканувале и дека неговиот живот бил во опасност.

– Јас не  влегов ни во физички конфликт, ни со оружје, бидејќи немав потреба да земам друго оружје кога имам оружје со дозвола. Ова е едно сценарио против мене и мојата фамилија, но верувам дека правдата ќе победи. Ова ми го направија командирите, кои се членови и симпатизери на опзициската Демокрадска партија – обвини Пренга.

Претставник на обивнителството потврди дека на рацете на Пренга се пронајдени остатоци од барут. На местото на инцидентот биле пронајдени две парчиња оружје. Од сите лица инволвирани во настанот произлегло дека само двајца  на прстите имаат остатоци од барут, а еден од нив бил и пратеникот Армандо Пренга.

За разлика од претходните два случаја „Доши“ и Фроку“ кога требаше да им се одземе мандатот на пратениците Том Доши и Марк Фроку,  во синоќешниот случај немало многу дебата, па едногласно му е одземен мандатот на  пратеникот од Лач, Армандо Пренга. Тој се товари за три кривични дела поседување оружје и муниција без дозвола, тешко ранување со умисла и закана.

За денеска е закажана итна седница на парламентот на која пратениците само формално ќе  ја изгласаат одлуката на советот за мандати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top