| четврток, 6 декември 2018 |

Скопската обиколница затворена за сообраќај

Скопската обиколница од 7 часот изутрина  е затворена за сообраќај, согласно воведениот привремен режим поради снимањето на францускиот филм „A фонд“.

Сите возила се пренасочуваат кон влезот во Скопје.

Според Одобрението од Министерство за транспорт и за врски од 3 овој месец и известувањето од „Мануфактура продукција“, привремена измена на режимот на сообраќај на делница 3 Автопат 2, клучка „Хиподром“ –  клучка „Сарај“ (Скопска обиколница)  ќе има  16 дена  од 7 до 19 часот.

Скопската обиколница ќе биде затворена од 7 до 11 септември,  од 14 до 18 септември, од 21 до 25 септември, како и на 28 септември.

Според Автомотосојузот на Македонија, сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Информацијата се однесува само за македонската страна на премините.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top