Скопската обиколница од 7 часот изутрина е затворена за сообраќај, согласно воведениот привремен режим поради снимањето на францускиот филм „A фонд“.
Сите возила се пренасочуваат кон влезот во Скопје.
Според Одобрението од Министерство за транспорт и за врски од 3 овој месец и известувањето од „Мануфактура продукција“, привремена измена на режимот на сообраќај на делница 3 Автопат 2, клучка „Хиподром“ – клучка „Сарај“ (Скопска обиколница) ќе има 16 дена од 7 до 19 часот.
Скопската обиколница ќе биде затворена од 7 до 11 септември, од 14 до 18 септември, од 21 до 25 септември, како и на 28 септември.
Според Автомотосојузот на Македонија, сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Информацијата се однесува само за македонската страна на премините.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст