| четврток, 6 декември 2018 |

Евтини рецепти за убава кожа

За да го спречите настанувањето на акни и да го вратите сјајот на вашето лице можете во домашни услови да испробате неколку маски од природни состојки кои ќе го исчистат вашето лице и ќе го нахранат со потребните витамини.

lice

1. Маска од млеко и цимет

Измешајте една лажица млеко, половина лажица цимет, две лажици мед и половина лажица ванила. На исчистено лице нанесете ја маската и оставете да дејствува 15 минути, а потоа измијте го лицето со млака вода.

2. Маска од јајца и бадемово масло

Оваа маска е идеална за враќање на сјајот на безживотната кожа. Измешајте едно јајце и една лажица бадемово масло. Нанесете ја рамномерно на лицето и оставете ја 15 минути, а потоа со ладна вода да се отстрани. Оваа маска може да се користи два пати неделно.

3. Маска од бадем и зелена глина

Оваа маска е идеална за отстранување на мртвите клетки од кожата. Да се измешаат две лажици мелени бадеми, лажица зелена глина, четири лажици овесна каша и една лажица мед. Со масирање да се нанесе маската и да се остави да дејствува 15 минути, а потоа лицето да се измие со млака вода.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top