| четврток, 6 декември 2018 |

УМС на ВМРО-ДПМНЕ организираше велосипедски мини – маратон во Битола

Младите од Битола учествуваа на велосипедски мини- маратон во должина од 30 км, а во организација на УМС на ВМРО-ДПМНЕ од Битола.

ums-bitola_thumb_medium500_197

Над 110 млади учесници на велосипеди, ја изминаа рутата долга 30км во околината на Битола и регионот.

Како што истакна и Претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски, должност на УМС е да го гради и поттикнува спортскиот дух и здравиот начин на живот, како што е должност на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ да инвестира и гради спортски капацитети кои ќе им користат на младите.

– Конкретно во Битола, изградени се 4 спортски сали, 1 повеќенаменско игралиште, 2 фудбалски игралишта, 1 тениско игралиште, а во план се и други вакви капацитети. Ваквата сплотеност кај младите битолчани е мотивација и за младите од другите градови, истакна Нелоски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top