| четврток, 6 декември 2018 |

Mасовни антивладини протести во Молдавија

Десетици илјади демонстранти се собраа денеска на антивладин протест на централниот плоштад во главниот град на Молдавија, Кишинев, јави ТАСС.

moldav

Протестот е организиран од граѓанската платформа ДА за достоинство и правда.

Демонстрантите бараат оставка на претседателот Николае Тимофти и владата, спроведување на предвремени избори и враќање на една милијарда долари украдени од три трговски банки, со премолчена согласност од власта.

Тие исто така, бараат реформи на централната банка, главното обвинителство, комисиите за борба против корупцијата, судството, царинските служби и други структури на власт.

Организаторите ги повикаа насобраните граѓани да останат на плоштадот додека не бидат исполнети сите барања. Протестот е најавен како непартиски и беше планиран без симболи, но сепак голем број учесници носеа знамиња на Молдавија, Романија и Европската унија.

Демонстрантите, исто така, се обидоа да влезат во зградата на главното обвинителство, но беа спречени од полицијата. Во обидот учествуваа активисти на партијата „Црвен блок“, кои денеска организираа паралелен протест.

Споеред електронското издание на рускиот весник „Комерсант“ тоа е најголемиот протест во Молдавија во изминатите 25 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top