| четврток, 6 декември 2018 |

Евгениј Поп Ацев е кралот на маратоните во светот, со второто место во Капри до прво место во генералниот пласман

evgenij pop acev 00 (Custom)

Се случи и тоа. По неколку неуспешни обиди на македонските пливачки маратонци да дојдат до првото место во генералниот пласман, нашата држава може да се гордее со најдобриот маратонец во светот, Евгениј Поп Ацев. Тој досега беше двапати вицешампион, а двапати беше и трет во светската гран-при серија на ФИНА. За Поп Ацев следува и парична награда од 15.000 долари за пласман на првото место и секако за второто на последниот маратон во Италија.

evgenij pop acev

Пред последната маратонска трка која се одржа во Италија и се пливаше од Капри до Неапол, Поп Ацев се наоѓаше на првото место во генералниот пласман по четири одржани трки и му беше потребна победа евентуално второ место за да биде првиот македонски маратонец кој сезоната во ФИНА гран-при серијата ќе ја заврши на тронот на победничкиот пиедестал.
Поп Ацев на маратонот Капри-Неапол во должина од 36 километри заврши на второто место веднаш зад победникот Аргентинецот Дамјан Блаум, и со вкупно 49 бодови го оствари толку посакуваниот успех. на третото место се пласираше домашниот натпреварувач Симоне Ерколи.
Ветеранот Томи Стефановски не успеа да го заврши денешниот маратон Капри – Неапол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top