Додека на Балканот и во Европа владее хаос, богатите арапски земји не покажуваат емпатија кон бегалците. Станува збор за Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Катар и Кувајт, кои немаат примено ниеден бегалец во својата земја. БиБиСи потсетува дека ни една од овие четири земји не ја потпишала Конвенцијата за бегалци од 1951 година.
Најголем број сиријски бегалци, односно два милиони има профатено Турција, а во Европа секојдневно пристигнуваат нови групи мигранти. Министерот за надворешни работи на ЕУ, истакнал дека се разгледува можноста за нивно сместување во прифатни центри надвор од Европа, како еден од начините за решавање на кризата. Но, сега за сега ова е неприфатливо, бидејќи се потребни големи финански сретства за обновување или изградба на таквите центри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


