| четврток, 6 декември 2018 |

Современа медицинска опрема доби Градската општа болница „ 8-ми Септември“

DSC_5286Премиерот Никола Груевски ја посети Градската општа болница „ 8-ми Септември“, каде ќе присуствуваше на промовирањето на новата медицинска опрема.

Во јули беше најавено дека ќе биде набавена нова и најсовремена медицинска опрема за Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје во вредност од околу два милиони евра.

DSC_5209 DSC_5213Според министерот за здравство Никола Тодоров целта е со новата софистицирана опрема, според врвните европски и светски стандарди, да се зајакнат капацитетот на одделенијата во Градската општа болница „8 Септември“ во поглед на опремата, имајќи предвид дека во таа јавна здравствена установа постојано се бележи тренд на зголемување на бројот на пациенти, а огромен е бројот на лекари кои поминаат едукација во земјата и во странство.

DSC_5246   DSC_5270 – Со набавка на новата и најсовремена опрема уште повеќе ќе се подигне нивото на квалитет на здравствени услуги, ќе се забрзаат здравствените услуги, а со тоа очекуваме дополнително да се подобри оценката на пациентите за услугите кои се даваат во таа болница, која е еден од стожерите на македонскиот здравствен систем, додаде Тодоров во јули.DSC_5289DSC_5287

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top