Премиерот Никола Груевски ја посети Градската општа болница „ 8-ми Септември“, каде ќе присуствуваше на промовирањето на новата медицинска опрема.
Во јули беше најавено дека ќе биде набавена нова и најсовремена медицинска опрема за Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје во вредност од околу два милиони евра.
Според министерот за здравство Никола Тодоров целта е со новата софистицирана опрема, според врвните европски и светски стандарди, да се зајакнат капацитетот на одделенијата во Градската општа болница „8 Септември“ во поглед на опремата, имајќи предвид дека во таа јавна здравствена установа постојано се бележи тренд на зголемување на бројот на пациенти, а огромен е бројот на лекари кои поминаат едукација во земјата и во странство.
– Со набавка на новата и најсовремена опрема уште повеќе ќе се подигне нивото на квалитет на здравствени услуги, ќе се забрзаат здравствените услуги, а со тоа очекуваме дополнително да се подобри оценката на пациентите за услугите кои се даваат во таа болница, која е еден од стожерите на македонскиот здравствен систем, додаде Тодоров во јули.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии