| четврток, 6 декември 2018 |

Свилениот гајтан на Сорос почна да се стега околу Заев

saso-ordanoskiСашо Ордановски, еден од медиумските перјаници на опозицијата и до неодамна еден од највозбудените кандидати за наследник на Владе Милчин на челната позиција на СОРОС во Македонија, во интервју за „Слободен Печат“ вешто го најавува свилениот гајтан кој околу вратот на лидерот на македонската опозиција започнува да го стега нејзиниот главен финансиер, фондацијата Отворено Општество (СОРОС).

Во интервјуто во кое дознаваме дека грлатиот Ордановски во последно време парите не си ги заработува шетајќи по тв емисиите во Македонија, туку во Австрија каде пишувал книга за подемот и падот на македонската десничарска идеологија, несудениот нов Милчин вели:

„Забележувам и тоа дека кај добар дел од странците со кои јас разговарам постои одредена резерва за тоа кој ќе дојде на власт по Груевски – СДСМ не им е доволно јасен, Заев не го познаваат добро и не го знаат неговиот капацитет за обединување на опозицијата, а за минатото на неговата партија немаат големи пофалби“.

Оние кои го познаваат Ордановски велат дека зад овие пласирани еуфемизми се крие отворено признание дека дури и за спонзорите на опозицијата, политиката на СДСМ на бојкот на институциите и обидот за насилно доаѓање на власт се нејасни, а кога е во прашање капацитетот на Зоран Заев, немаат сомнеж дека истиот не постои, односно дека СДСМ на чело со Заев нема ни теоретска шанса да се квалификува како полусериозна опција која ќе ги убеди граѓаните на Република Македонија во некаква програма и идеја за напредок на државата – за кои и самата опозиија признава дека „се’ уште ги нема“.

Од интервјуто на соросовиот миленик Ордановски е евидентно дека доминантниот финансиер на опозицијата е сериозно незадоволен од исходот на „бомбашката хајка“ за власт за која одговорноста ја презеде Зоран Заев, веројатно во очајна желба за анулирање на сомнежите за коруптивен криминал за кој постојат докази и за кои е гонет од институциите на државата.

Каков епилог ќе има ова стегање на соросовиот свилен гајтан околу грлото на опозициониот глас и дали тоа ќе резултира со смена во раководстовото на СДСМ после јасниот пораз кој сите го очекуваат во април 2016-та, останува да видиме.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top