Голема операција за отстранување на три воздухопловни бомби од времето на Втората светска војна беше преземена изутринава во департманот Сен Сен Дени, северно од Париз, соопштија локалните медиуми.
Бомбите биле откриени за време на железнички работи во област во близина на градовите Ноази ле Сек и Боби, во прилично густо населена зона што морало да се евакуацират над околу 8.000 луѓе. Во операцијата учествуваат над 300 полицајци.
Околу местото каде се откриени бомбите во моментов е создадена зона за безбедност во радиус од 700 метри. Деминерите соопштија дека тие се британско производство. Секоја од нив содржи 280 килограми експлозиви. Тамо се од април 1944 година во текот на масовните бомбардирања, чија основна цел била уништување на големиот железнички јазол крај градот Ноази ле Сек. Во воздушните напади на британската авијација тогаш учествувале 150 бомбардери кои фрлиле врз железничка станица околу 3.000 бомби, како практично би била уништена целосно и самиот град Ноази ле Сек.
Операцијата за отстранување на бомбите, која деминерите ја одржуваат денес е прилично комплексна, истакнуваат локалните власти. Експертите не ја исклучуваат можноста од опасност додека се креваат авиобомбите и затоа ќе треба да се активираат на место. За оваа цел околу местото каде што се наоѓаат тие, се изградени високи насипи поставени се и тешки стотици килограми бали од слама, кои треба да го спречат да се разлетаат. Експерти изразија мислење дека операцијата може да не заврши до вечерва, а да биде одложена за две недели и да продолжи во неделата на 20-ти септември.
Во реонот на исфрлање на бомбата се наметнати промени од стрнаа на властите кои влијаат врз секаков вид на транспорт – затворени се патните правци и близок воден канал кој води кон Париз, суспендирано е и движењето на трамваи и возови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.