| четврток, 6 декември 2018 |

Полицијата употреби солзавец за растурање група бегалци на островот Лезбос

lesbos-riots_3430611bНа грчкиот остров Лезбос полициските безбедносни сили употребија солзавец за разбивање на група од илјадници мигранти, кои синоќа се обиделе да преминат преку безбедносната ограда и да се качат на траект, специјално ангажиран за превоз до Пиреја на пристигнатите бегалци на островот.

Во судирите е повреден еден бегалец, кој итно е пренесен во болница, соопшти полицијата.

Претходно, во текот на денот стотици мигранти протестираа, скандирајќи „азил, азил“, пред главниот прифатен центар на островот против бавната процедура за регистрирање, што го забавува нивното префрлање во Атина. Групата фрлала со камења кон полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top