Жителите на Пчиња искажаа благодарност до премиерот за владините инвестиции, кои, како што рекоа, се единствени за овој регион во отсуство на инвестиции и проекти од општината. Побраа од премиерот изграба на браната за која е веќе изработен проект.
Во врска со ова барање, Груевски ги информираше дека во рамки на долгорочниот план за инвестиции во водостопанството преку новоформираното водостопанство ќе се гледа да се реши ова барање.
Во Пчиња нема доктор, се пожалија жителите и кажаа дека за здравствени услуги мора да патуваат. За овој проблем премиерот разговараше со министерот за здравство по што ги информираше жителите дека ако има заинтересиран лекар веднаш ќе биде распишан оглас од Министерството за концесија. Таквиот оглас беше договорено да биде распишан наредната недела и добро е, посочи Груевски, да постои согласност од сите жители да ја посетуваат таа ординација за да може да работи. За таа цел беше договорено месната заедница да исконтактира со сите жители и во соработка со Министерството за здравство да се договорат сите детали во однос на ова прашање.
Граѓаните се пожалија дека Општината Куманово и градоначалникот Дамјановски иако ветувале, не го решија проблемот со водоводот во Пчиња. Премиерот Груевски истакна дека во рамките на средствата кои ги има обезбедено Владата преку Министерството за транспорт и врски во износ од еден милион евра треба општината да поднесе проект и барање по што веднаш ќе биде одобрен од страна на Министерството и ќе се отпочне со изградба.
Исто така, жителите се пожалија дека при невремето пред две години бил оштетен локален мост, а општината иако ветила дека ќе го санира, не го направила тоа. Груевски посочи дека ќе се разгледа можноста Владата да помогне за решавање и на овој проблем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски